Објавено на:

Украинците уништија едно од седиштата на Вагнер

t

Шефот на украинската воена управа во Луганск, Серхиј Хајдај на Телеграм објави дека „вооружените сили на Украина уште еднаш успешно дејствувале врз непријателски штаб“.

– Овој пат тоа беше вчера во Попасна, каде е разурнато седиштето на ПМЦ Вагнер во добро насочен напад, истакна Хајдај.

Тој додаде дека има и жртви при нападот, но оти сè уште се утврдува бројот на загинати.

Претходно, рускиот новинар Јуриј Котенок на Телеграм објави дека украинската армија го уништила седиштето на руската приватна паравоена организација Вагнер во Попасна.

Тој тврди дека седиштето на Вагнер во Луганск е погодено со ракетниот систем ХИМАРС.

Во нападот наводно е убиен и Јевгениј Пригожин, еден од клучните луѓе на Вагнер, познат како готвачот на Путин. Но, за тоа нема потврда од независни извори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сенатот одобри помош за Украина, Израел и…

Во САД, Сенатот одобри помош за Украина,…

Пентагон: Украина ќе ја добие помошта за…

Откако американскиот Конгрес го одобри пакетот воена…

Американскиот конгрес одобри 60,8 милијарди долари помош…

Американскиот конгрес одобри 60,8 милијарди долари помош…

Американски милијардер: Украина ќе доживее крах –…

Американскиот милијардер Дејвид Сакс, по усвојувањето во…

Шолц: Војната во Украина би можело да…

„Никој не може да каже дали оваа…