Објавено на:

(Фото+Видео) ЧУДА НАВИСТИНА ПОСТОЕЛЕ: Четирите деца исчезнати во авионска несреќа од пред пет недели, пронајдени живи во џунглата

t

Четирите деца од домородна заедница во Колумбија се пронајдени живи на југот на земјата по повеќе од пет недели откако авионот со кој патуваа се урна во густа џунгла, изјави вчера колумбискиот претседател Густаво Петро.

Децата биле спасени од војската во близина на границата меѓу колумбиските провинции Какета и Гуавијаре, во близина на местото каде што се урнал малиот авион.

„Радост за целата земја! Четирите деца кои исчезнаа… беа изгубени… во колумбиската џунгла се појавија живи”, објави Петро на Твитер.

Малиот авион „Цесна 206“ превезувал седум лица со лет меѓу Аракуара, во државата Амазонас и Сан Хозе дел Гуавиаре, град во државата Гуавијаре, но пријавил аларм за дефект на моторот во раните утрински часови на 1 мај.

Три возрасни лица, меѓу кои и пилотот, загинаа како последица на падот, а нивните тела беа пронајдени во авионот. Падот го преживеаја четирите деца на возраст од 13, девет и четири години, како и едно 11-месечно бебе.

Првичните информации од Управата за цивилно воздухопловство, која ги координирала напорите за спасување, сугерираат дека децата избегале од авионот и се упатиле во прашумата за да побараат помош.

Спасувачките тимови, со поддршка на кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје, кое наводно децата го јаделе и импровизирани засолништа направени од вегетација од џунгла.

Во спасувачките операции учествуваа авиони и хеликоптери на колумбиската армија и воздухопловни сили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган ги критикува САД бидејќи ја блокираа…

Невозможен е праведен свет со Америка во…

Илон Маск го прозва Бајден поради американски…

Тоа е „сериозен проблем“ доколку Гонзало Лира…

ОЈО Скопје апелира да не се шират…

Основното јавно обвинителство Скопје повторно апелира во…

Каевски: Неучество во техничка Влада на ВМРО-ДПМНЕ,…

Евентуално неучество на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада…

Хантер Бајден го нападна Илон Маск

Синот на американскиот претседател го нарече милијардерот…