Објавено на:

Шокантна глетка за германската полиција: Пронајдоа бебе среде куп кокаин

t

Полицијата во Брисел наиде на шокантна глетка во рамките на истрага за дрога. Во една од спалните соби на претресена куќа е пронајдено четиримесечно бебе кое лежело меѓу куп кокаин.

Покрај тоа што пронашла над 4 килограми кокаин расфрлани на подот во спалната соба и во кутија со алатки, полицијата пронашла три Киндер јајца исполнети со кокаин, прецизни ваги и материјал за пакување, пишува The Brussels Times.

„При претрес на куќа меѓу купиштата дрога, откривме дека во таа средина растело и бебе“, се вели во соопштението на локалниот оддел за криминалистичка истрага во Брисел.

Осомничениот е предаден на истражен судија, кој го уапси под сомнение за кривични дела поврзани со поседување и продажба на дрога во контекст на поголема банда.

По барање на обвинителството, за малолетното лице во опасност е составен службен записник.

Во дневната соба полицијата пронашла уште 16.295 евра во кеш и запленила два автомобили, телевизор и неколку луксузни часовници. Покрај малото бебе, во куќата биле присутни и свекрвата и сопругата на осомничениот која исто така била уапсена, но по распитот е пуштена на слобода.

Неправилното паркирање доведе до апсење на дрога

Откривањето на дрогата од страна на полицијата било повеќе случајно од планирано, бидејќи прекршување на сообраќајните правила предизвикало интервенција на локалните истражители.

Еден автомобил бил погрешно паркиран двапати по ред и откако го провериле регистарскиот број на автомобилот, полицијата утврдила дека автомобилот, а особено возачот биле дел од истрага за продажба на кокаин и дека зивесно време нелегално живеел во Белгија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германската буџетска криза нема да пречи на…

И покрај буџетската криза со која се…

Македонската полиција експресно пронајде криминалец баран со…

Германската федерална канцеларија за борба против криминалот…

Анкета: 82% од Германците не ја одобруваат…

Олаф Шолц има најнизок рејтинг на одобрување…

Германската партија во подем е прогласена за…

Безбедносните служби во Саксонија тврдат дека AfD…

Германија: Руската одбранбена индустрија им пркоси на…

Земјата сè уште произведува доволно опрема и…