Објавено на:

Авионска несреќа во Хрватска: Три лица загинаа

t

Во холандскиот авион кој се урна вчера кај Мала Капела, Хрватска, загинаа сите патници, најверојатно тројца, колку што имало според планот на летот, потврдил денеска очевидец на местото на несреќата на авионот „Цирус 20“.

Како што соопшти денеска ДОРХ, а пренесува „Индекс.хр“, „во тек е истрага и утврдување на сите околности за падот на авионот Цирус 20 во пошумениот дел на Мала Капела во областа на градот Огулин“.

Главниот авијациски инспектор Данко Петрин изјави за „Хина“ од местото на несреќата дека сите патници во холандскиот авион загинале и дека авионот е тешко оштетен – освен механички оштетувања бил уништен и од пожар.

Тој додаде дека истрага на лице место спроведува жупаниското државно обвинителство, по што ќе следи прибирање податоци.

„Треба да ги добиеме податоците од контролата на летови, комуникацијата што ја имале со пилотот, радарот и други податоци и потоа ќе добиеме целосна слика и, се надеваме, одговор на прашањето што и зошто се случило“, рече Петрин.

Тој ги отфрли како шпекулации тврдењата дека причината за авионската несреќа е лошото време бидејќи тие „се водат само од факти и дека лошите временски услови не значат автоматски дека тие се причина за авионската несреќа“.

Петрин потврди и дека се работи за холандски авион во кој според планот на летот имало тројца патници од Холандија, а дали е тоа така и кои се патниците ќе утврди обдукцијата која треба да даде одговори и за идентитетот на жртвите, точното време на несреќата и причината за смртта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пожар во Хрватска: Оганот се приближува…

Во четвртокот наутро кај Жрновница во Хрватска,…

Хрватските газди бараат магационери „под дрво и…

Хрватските газди моментално бараат повеќе од 2.000…

Хрватска воведува итни мерки во училиштата после…

Во хрватското Министерство за наука, образование и…

Ден на жалост во Хрватска, знамињата на…

Владата на Република Хрватска на седница одржана…

Маж од БИХ скршил рампа на граничен…

Маж (22) од Босна и Херцеговина кој…