Објавено на:

Австралискиот премиер дециден: Ѓоковиќ ќе го вратиме дома со првиот авион

t

Австралискиот премиер, Скот Морисон, денеска изјави дека светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ ќе мора да докаже дека има медицинско оправдување поради кое не е вакциниран против коронавирусот или ќе биде испратен дома со првиот авион.

„Го чекаме неговото образложение и доказите што ќе ги приложи. Доколку нема доволно докази, ќе се однесуваме кон него како и секој друг, односно со првиот авион ќе биде испратен дома. За Ѓоковиќ нема да има посебни правила“, рече премиерот Морисон.

Тој ги даде овие забелешки по средбата со претставници на австралиските држави на која се разговарало за рекордните бројки на луѓе заразени со Ковид-19.

Претходно, Тениската асоцијација на Австралија и владата на државата Викторија објавија дека Ѓоковиќ немал никаков посебен третман за да добие медицинско ослободување од вакцинацијата против коронавирус, која е задолжителна за сите кои ќе настапат на Австралија опен. Официјалните лица рекоа дека Ѓоковиќ бил еден од ретките, од 26-мина, кои побарале ослободување и го добиле.

Директорот на Тениската асоцијација на Австралија, Крег Тајли, рече дека процесот на добивање медицинско ослободување е направен во две фази и дека го спровеле независни експерти, односно дека сите барања за изземање морало да ги исполнуваат условите поставени од Австралиската советодавна група за имунизација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Надал: Федерер го достигна највисокото ниво, но…

Тони Надал беше составен дел од огромен…

(Видео) „Мамба засекогаш“: Новак ја посвети на…

Новак Ѓоковиќ и официјално е најдобриот тенисер…

Трагедија: Се преврте автобус кој се враќал…

Најмалку 10 лица загинаа денеска, а 11…

(Видео) Скандалозна тепачка на фудбал во Австралија:…

Скандалозни сцени пристигнуваат од Австралија. Имено, на…

Уште тоа ни треба: Австралија се подготвува…

Австралија треба да троши повеќе на одбраната…