Автомобил полн со мигранти од Кина удрил во друго возило на патарина и побегнал

t

Полицијата во недела привела триесет и петгодишен скопјанец кој криумчарел мигранти од Кина.

Како што информираат од МВР, во неделата околу 16 часот, на автопатот Скопје – Гевгелија, на наплатна станица „Сопот“, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки удрило во патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од триесет и петгодишниот П.С. од Скопје, по што го напуштило местото.

По преземени мерки, полициски службеници во близина на с.Сопот го пронашле возилото и во него затекнале пет лица мигранти од Народна Република Кина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

(Видео) Хаос во Англија: Опожарен хотел со…

Поголема група демонстранти против мигрантите упаднаа во…

Германската фудбалска легенда нема да се врати…

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Германецот Тони…

Рекорден број на мигранти за еден ден…

Повеќе од 880 нерегуларни мигранти го преминаа…

СКАНДАЛ ВО ТОЈОТА Ги фалсификувале тестовите за…

По овој скандал, Toyota Motor го суспендираше…