Автомобил се превртел кај Крива Паланка по удар во камен
Возач е повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер во атарот на селото Костур, во кривопаланечкиот регион.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 28 јули околу 20:40 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на патот кај местото викано „Голем мост“, патничко возило „Лада Нива“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот Г.А. од Крива Паланка, удрило во камен и се превртело на коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со повреди, кои биле констатирани во приватна болница во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Крива Паланка, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривата кула во Италија се соочува со…
Една од „кулите близначки“ на Болоња од…