Агенцијата за цивилно воздухопловство спроведе истрага: Се следеле меѓународните правила во случајот со Вјоса Османи
Тим од инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), предводен од директорот Драги Стојаноски, денеска изврши повторен увид во доказите и спроведе вонреден инспекциски надзор во ТАВ Македонија, во врска со немилиот настан во кој беше инволвирана и претседателката на Република Косово, Вјоса Османи.
При првичниот увид констатирано е дека, аеродромските служби надлежни за безбедносни проверки, во рамки на своите работни обврски постапувале професионално и придржувајќи се до правилата кои се наметнати согласно имплементираната меѓународна регулативата, не дозволувајќи заобиколување на стандардите и процедурите дури и под притисок на лицата кои биле во придружба на патникот.
„Одбивање на спроведување на стандардните безбедносни проверки со истите патници согласно евиденцијата се случиле и во 2022г. и 2023г. кога безбедносни проверки се прифатени дури откако водачот на воздухопловот одбил да ги прими патниците во воздухопловот без спроведена безбедносна проверка.
Доколку службениците во ТАВ Македонија постапиле различно од пропишаните правила и дозволиле пропусти и заобиколување на пропишаните процедури истите ќе се соочеле со сериозни санкции од Агенцијата за цивилно воздухопловство како тело надлежно за нивна регулација.
Со оглед на тоа што се работи за општо прифатени меѓународни стандарди, доколку било кој се сомнева во нивната веродостојност, препорачуваме истата пракса да ја примени на некој од европските меѓународни аеродроми како би можеле да се уверат во нивната примена“, велат од Агенцијата.
Од АЦВ истакнуваат дека како независно регулаторно тело би сакале да останат надвор од политичките превирања за овој немил настан и жалат што наместо професионална разрешница на овој настан од каде би се извлекле поуки и би се преземале соодветни мерки за нивно ублажување и избегнување во иднина, „сведоци сме на обиди за политичко поентирање и извртување на вистинската причина за неговото настанување“.
Во случајов, истакнуваат оттаму, извинување заслужуваат само аеродромските служби кои обидувајќи се доследно да ја извршуваат својата работа согласно прифатените меѓународни правила и практики, претрпеа непотребни притисоци закани и омаловажувања.
„Со оглед на тоа што ваквите настани не се случуваат првпат, ние како Агенција за цивилно воздухопловство ќе направиме се што е во наша моќ ова да биде последен пат. Случувањата кои следеле подоцна, а кои се надвор од безбедносната зона ги оставаме на разрешување на другите институции со оглед на тоа што истите излегуваат од надлежноста на Агенцијата за цивилно воздухопловство“, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…
ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…
ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…
Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…
Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот…
Касами со албанско знаме го пречека таткото…
Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…