Адвокатот на Кајмакоски откри детали поврзани со киднапирањето: Бил врзан со селотејп и под закана од оружје

t

Адвокатот на Кајмакоски откри нови детали поврзани со киднапирањето на поп-пејачот Даниел Кајмакоски, кое се случило минатиот месец во Белград. Според информациите што ги соопшти неговиот адвокат и пријател Бранислав Станишиќ, киднаперите насилно го врзале со селотејп и под закана со пиштол и нож го принудиле да влезе во возило кое се упатило кон Рума.

Драмата, како што се наведува, кулминирала кај локацијата Бетон Хала, кога полицијата се обидела да го запре возилото за рутинска контрола. Потоа следела брканица, а поради густата магла киднаперите излетале од патот. Тие го оставиле повредениот и врзан пејач во оштетеното возило и побегнале.

Полицијата го пронашла Кајмакоски на задното седиште од автомобилот, а истрагата и потрагата по сторителите, за кои се сомнева дека се мигранти, сè уште се во тек. Надлежните институции продолжуваат со собирање докази и со активности за целосно расчистување на случајот во Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот на Кајмакоски откри детали поврзани со…

Адвокатот на Кајмакоски откри нови детали поврзани…

Миноски: Кризите на Блискиот Исток директно влијаат…

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски предупредува…

Падна СЕДУМКА на Лото во Македонија –…

Во најновото извлекување на играта на среќа…

Целосен мрак во Ирак – целиот електричен…

Ирак доживеа општо затемнување, соопштија локалните власти,…

Сепак ќе остане, уставниот суд пресече за…

Линеарно зголемување на пензиите останува во сила…