Азески до Славевски: Толку ве испофаливме, немојте да не разочарате

t

Гувернерот Трајко Славески во работна посета на Стопанската комора. Првиот човек на комората Бранко Азески во улога на водител, а Гувернерот гостин кој одговара на прашања. Прашањата од корупција, транспарентност, олеснување на бирократските процедури за бизнисот, до фалење на животниот пат и успешната кариера на Гувернерот. Што научил Славески од престојот во Соединетите американски држави, искуствата како министер за финансии, во справувањето со хиперинфлацијата при осамосојувањето на земјава, па и до каде се сега и што работат децата на Трајко Славески.

Славески кажа дека девизните резерви изнесуваат 4,6 – 4,7 милијарди евра што е сосема комотна позиција за земјата. Но златните резерви, според Гувернерот, засега не се на задоволително ниво, иако во последната година златото двојно ја зголеми цената.

-Јас не можам да разберам зошто во одреден момент е прекината практиката, ние како држава како Народна банка да не го зголемуваме износот на монетарното злато. Затоа што во минатото веројатно и вас ви е познато од нашите капацитети од нашите рудници Народна банка го откупуваше златото и го ставаше во златните резерви, рече Трајко Славески, гувернер на Народната банка.

-Златото го чуваме во банката на Англија. Јас планирам со мој тим некаде на есен да отидеме да провериме дали е таму, рече Трајко Славески.

Гувернерот кажа дека девизните резерви се во сигурни раце.

-Ние не ги читаме вашите веб страни затоа што читаме портали што ве напаѓаат без веза, разбираш. Тука сме сконцентрирани. Затоа што многу тешко државата може да се справи со нив, не може да донесе ниедно законско решение да ги стави по страна како што треба, изјави Бранко Азески, претседател на СКСМ.

И за крај на пофалбите аплауз.

-Министре толку ве исфаливме, да очекувањата се огромни наши. Немој да не разочарате, изјави Бранко Азески, претседател на СКСМ.

-Нема, ви кажав јас, рече Трајко Славески, гувернер на Народната банка.

Работната средба продолжи со уште фалења од присутните и по некое прашање за тоа кои мерки да се преземат за да се подобри состојбата за бизнисот во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ