Азири: Формирањето на мнозинството е направено швepцерски

t

Вечерва во емисијата „200“ во Алсат, Елми Азири, потпретседател на Алијансата за Албанците, рече дека формирањето на парламентарното мнозинство е направено на шверцерски начин.

Според Азири, парламентот е трансформиран во институција во која се тргува „топтан““ каде не се земаат предвид ниту критериумите, ниту ветувањата, ниту довербата што им се дава од граѓаните, пишува Алсат.

„Ако се обидеме да дадеме оцена за евентуалниот успех на оваа влада, тогаш треба да се разгледаат два моменти: првиот момент како се формираше оваа влада и вториот момент, историската анализа, односно оценката на досегашното работење на Владата. Што се однесува до првото, за формирање на мнозинство на шверцерски начин, што максимално го деградираше моралот на водење политика, бидејќи имаме претворање на парламентот во институција каде што се прави “топтан“ трговија без да се земат во предвид ниту критериумите, ниту ветувањата, ниту довербата дадена од граѓаните кон и довербата од другите соработници“, рече Азири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добро утро со Инфомакс: Еден чоек шчо…

На денешен ден, 18 јануари 1830 година…

Нема поголеми задржувања на граничните премини низ…

 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Шоле во “проверка” на Западен Балкан: Најпрво…

Високиот советник на Стејт департментот, Дерек Шоле…

Добро утро со Инфомакс: Во шумата јас…

Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот е македонски  револуционер,…

Американскиот советник Шоле наредната недела во Скопје

Вишиот советник на американскиот Стејт департмент Дерек…