Ако продолжиме вака ќе останеме без вода: Апел од ЈП Водовод и канализација скопјани рационално и внимателно да ја користат водата
ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата за пиење поради енормно зголемена потрошувачка.
-Дневното производство достигнува и над 350 000 метри кубни вода. Апелираме до граѓаните на градот Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови, соопшти јавното претпријатие.
Укажува дека „ваквата енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем“.
-Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот, стои во апелот на скопски Водовод.
Претпријатието ги повикува граѓаните на главниот град и доколку забележат какво било истекување на вода, да пријават на телефонскиот број 02 3073 010 или на [email protected] и www.vodovod-skopje.com.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ако продолжиме вака ќе останеме без вода:…
ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира…
Група Срби на протест пред куќата на…
Групи граѓани се собраа вечерва пред Музејот…
Запленети чадори и лежалки – полицијата на…
Општина Касандра, со помош на грчката полиција,…
Лукашенко: Се подготвуваме за војна – ќе…
Белорусија се подготвува за војна и ќе…
Независните кандидати ќе можат да учествуваат на…
На претстојните локални избори ќе може да…