Ако работите за празник ви следува 250% повисока дневница – Еве каде да пријавите злоупотреба:

t

На работниците кои работат на празник треба да им биде исплатена дневница од најмалку 250 проценти апелираат од Сојузот на синдикати. Од понеделник ќе поднесуваат пријави до трудовиот инспекторат кој ќе треба да провери дали на крајот на месецот работниците добиле празнична дневница. Сидикатите ги повикуваат работниците да пријавуваа доколку не им била исплатена дневница, а работеле за празник.

„Им укажуваме дека доколку работат на празниците им следува дневница од 250 проценти или тоа значи дневница за колегата кој седи дома и му е платен работниот ден, една дневница зошто на празник се работи за 50 проценти зголемена. Ова право е уредено во општиот колективен договор во приватниот сектор и како такво се применува без оглед на тоа што во Законот за трговија се пропишува дека дневницата треба да биде повисока до 100 проценти.“

Денешниот и утрешниот ден се неработни денови односно се празнуваат, и треба да се неработни денови според Законот за трговија освен за исклучоци.

Од државниот испекторат за труд појаснуваат дека исплатата на празнична дневница е задолжителна. Бидејќи денеска е верски празник трговијата на мало и големо е дозволена, но утре маркетите и продавниците не смеат да работат.

„Работодавачите на верските празници можат да вршат дејност трговија на мало и големо и се должи да исплатат празнична дневница за секој час поминат на работа. Додека во сите државни празници кои се неработни денови за сите граѓаните работодавачите не смеат да вршат дејност на големо и мало освен со пропишаните искучоци пропишани во Законот за трговија.“

Според Законот за трговија на државните празници можат да работат продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи, цвеќиња, колачи, моловите и трговските центри како штандови на организирани фестивали, саеми, концерти и сл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија има недостиг од квалификувана работна сила

Германија планира да го реши недостигот на…

Шведска бара работници, еве од кои професии!

И Шведска бара странски работници, објави schengen.news.  Шведска…

Владата препорача бремените и старите лица да…

Владата на Република Македонија, на барање на…

Приведени пет странски работници од Турција и…

На 04.06.2024 во 12.30 часот, полициски службеници…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…