Активни се два пожари, 13 се изгаснати во изминатото деноноќие

t

ЦУК: од 16 пожари на отворено во последното деноноќие, изгаснати се 13, а два се уште се активни и еден е под контрола

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имаше вкупно 16 пожари во последното деноноќие, од коишто изгаснати се 13, а два се уште се активни и еден е под контрола.

Двата активни пожара на отворено се:
кај с.Тажево, Општина Македонски Брод, крак кон Белица и крак кон заштитено повеќенаменско подрачје “Јасен” од посебно значење за државата, во правец кон месноста „Одделувачи за струја“. Се дејствуваше со еден полициски хеликоптер од воздух, а од земја со 30 припадници на МВР од Единицата за брзо распоредување (ЕБР), еден тим од 4 пожарникари на ТППЕ, осум (8) вработени од „Јасен“, и еден (1) вработен од ЕЛС, каде што гори борова шума и на
планината Серта Општина Штип, кај Криволак во правец кон с.Пенуш, кај месноста „Чешмедарски Рид“ , каде што гори ниска вегетација.

ЦУК информира дека под контрола е еден (1) пожар на отворено и се настојува да се доведе во фаза на локализирање за потоа и да се изгасне – ликвидира. Тоа е пожарот во Општина Демир Хисар, на Илинска Планина во реон помеѓу с.Слоештица и с.Брежани и с.Плаќе. Дејствуваа од воздух, два (2) „ер трактори на ДЗС, тим од 4 пожарникари на ТППЕ и 14 припадници на ЈП „Национални шуми, каде што гори ниска вегетација.

Изгаснати се 13 пожари на отворено во последното деноноќие во општините:
Студеничани кај с. Горно Количани (3 ТППЕ 2 НШ)( нискостеблеста шума);
Крушево, кај с. Алданци (4 ТППЕ)(ниска вегетација);
Струмица 1, покрај ул. „Снадо Масев“ (3ТППЕ)( напуштени простори);
Струмица 2, кај с.Просениково (3 ТППЕ)(ниска вегетација);
Василево, кај с. Пиперево (6 ТППЕ)(ниска вегетација);
Дебар, кај с. Броштица (2 ТППЕ)(нискостеблеста дабова шума);
Кичево кај с. Србица м.в. „Маркулија“ (8 ТППЕ)(стрниште);
Куманово, кај с. Агино село ( 2 ТППЕ) (ниска вегетација и стрниште);
Старо Нагоричане, кај с. Жеглане (2 ТППЕ)(стрниште);
Виница (6 ТППЕ) (помошна просторија);
Делчево кај Делчево (1 лице)(градската депонија);
Јегуновце, кај с. Шемшово (15 ТППЕ)(плевна) и во
Брвеница, кај с. Чолопек и с.Милетино (3ТППЕ)(ниска вегетација).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Емотивен статус на битолскиот пилот на „ер…

Васко Михалчев, еден од пензионираните пилоти на…

Штип бара поддршка од воздух за гаснење…

Пожарникарите, хеликоптерите, припарниците на АРМ и Полицијата,…

Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров

Пожарот кој се случи во станбената зграда…