Акционерите во Твитер го одобрија договорот со Маск за купување на компанијата

t

Акционерите во американскиот гигант за социјални медиуми Твитер речиси едногласно го одобрија претходно склучениот договор со Илон Маск за купување на компанијата, јави ДПА.

Првично, Маск се согласи во април да го купи Твитер за 44 милијарди долари, а вредноста на неговите акции во моментов е проценета на 32 милијарди долари. Тој се повлече од договорот во јули, тврдејќи дека Твитер не ги исполнил условите.

Според адвокатскиот тим на Маск, Твитер соодветно не му обезбедил на купувачот информации што ги поткрепуваат тврдењата на социјалната платформа оти само пет отсто од нејзините дневно активни корисници, кои може да заработуваат на неа, биле спам.

Твитер веќе го тужеше Маск во обид да го принуди да го доврши купувањето на компанијата по договорената сума.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…