Објавено на:

Акција на МВР: Фатен бегалец од затвор

t

По претходно преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги на „Љуботенски пат“ во Скопје е лишен од слобода Б.И.(40) од Скопје.

Како што денеска информираа од МВР, тој бил осуден на затворска казна од пет години и десет месеци поради сторено кривично дело по член 418, став 2 од Кривичниот законик.

Поради бегство од затвор за него била распишана централна потерница со која се барал за доиздржување на казната во времетраење од три години еден месец и 15 дена. Лицето е приведено и предадено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за доиздржување на затворската казна, соопштија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој не го натерал починатото момче да…

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан…

(Видео) Хеликоптерот на МВР исфрли 48 тони…

Денеска (11.07.2024) од раните утрински часови хеликоптер…

(Видео) Петровска: Дали за помошник министер во…

Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка…

АХВ И МВР спречија шверц на јагниња

Инспекциските служби на агенција за храна и…

Тошковски – Јодер: Продлабочување на соработката со…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во…