Албанија и САД слават 102-годишнина од воспоставување на дипломатски односи
Албанија и САД ја слават 102-годишнината од дипломатските односи кои беа воспоставени на 28 јули 1922 година, неколку месеци по завршувањето на Мировната конференција во Париз, на која, според Репортери, американскиот претседател застана на страната на Албанците.
Дипломатските односи беа прекинати 52 години за време на италијанската окупација и комунистичкиот режим, за да бидат повторно воспоставени на 15 март 1991 година, по демократските промени.
Првиот американски амбасадор во Тирана беше Улис Грант Смит, кој започна дипломатска мисија на 4 декември 1922 година, додека Вилијам Рајерсон стана првиот американски амбасадор по обновувањето на овие односи во 1991 година.
Првиот албански амбасадор во Вашингтон бил Фаик Коница, кој на оваа функција бил поставен во 1929 година од Ахмет Зогу.
Првиот висок американски функционер што ја посети Албанија беше американскиот државен секретар Џејмс Бејкер кој дојде во Тирана на 21 јуни 1991 година, три месеци по обновувањето на односите, додека првиот американски претседател што ја посети Албанија беше Џорџ Буш на 10 јуни 2007 годинa.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данска го зголемува буџетот за одбрана на…
Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Раскинат е договорот со фирмата која го…
Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…