Алиу: Привремено дозволено пушење на терасите на локалите отворени од најмалку две страни
Прифатено е одложувањето на примената на законот за пушење на отворени тераси од три страни за да им се остави време на сопствениците на локалите да може инфраструктурно да ги приспособат кон барањата на законот. Во однос на електронските цигари, тие ќе бидат забранети за корисетње во затворен простори, а забранети за продажба ќе бидат и сите вкусови што се атрактивни за младите – најави министерот за здравство Азир Алиу одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.
– Процесот за забелешки за тој закон е веќе завршен. Работните групи имаа консултации со стручните лица и со сите „стејкхолдери“ во државата. Исто така, јас и премиерот заедно имавме неколку состаноци и со производители и со потрошувачи, но исто така и со компании, ресторани, кафулиња и така натаму. Дефинитивно, имаше забелешки, кои беа логични и може да бидат прифатени. Но, имаше и такви што не беа прифатени. Прифатено беше одложувањето на примената на законот за тераси – отворени тераси од три страни, кои, за жал, сега се затворени. Им треба време за да може инфраструктурно да се приспособат на законот – појасни министерот во врска со новиот закон за заштита од пушење на населението.
Продажбата на електронски цигари со вкус било половично прифатено барање.
– Барање што е половично прифатено беше продажба на електронските цигари со вкус. Има вкусови што се директно наменети за младата популација. Целта на законот е заштита на населението со фокус на млади. Како држава сме на врвот во Европа за консумирање нетрадиционални таканаречени помалку штетни или модерни електронски цигари и ќе бидат забранети сите тие вкусови што се благи и атрактивни за младите, а според направените анализи и според барањата, ќе дозволиме да се продаваат само електронски цигари со неутрален вкус и со вкус на тутун, истакна министерот.
Барање што не се прифатило било тоа електронските цигари да продолжат да се консумираат во затворени простории.
– Тоа не беше прифатено. Цениме дека тие се исто така штетни колку што се традиционалните цигари и нема да биде прифатено тие да се консумираат во внатрешни простории, нагласи министерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алиу: Привремено дозволено пушење на терасите на…
Прифатено е одложувањето на примената на законот…
Маж од кичевско ќе добие 300.000 денари…
Маж од кичевско ќе добие 300.000 денари…
ЧУДО ВО ЕВРОПА: Родено првото бебе од…
Во Обединето Кралство е родено првото бебе…
СДСМ: Филков многу добро знае за сценариото…
Министерот Игор Филков е дел од циркусот,…
Комисијата го одби предлогот за минимална плата…
Предлог-измените на Законот за минималната плата, со…