Објавено на:

Американскиот министер за одбрана: Нема да дозволиме Русија да ги малтретира соседите, Украина верува дека може да победи

t

На денешната средба во американската воена база Рамштајн, во близина на Франкфурт, претставници од повеќе од 40 држави се согласија непречено да се доставува оружје во Украина.

Домаќинот на состанокот во Рамштајн, американскиот министер за одбрана Лојд Остин истакна дека „Украина верува дека може да победи”.

– Како што гледаме нациите ширум светот се обединети и решени да ја поддржат Украина во нејзината борба против руската империјална агресија, истакна Остин на почетокот на состанокот.

Остин им рече на новинарите дека сака Русија да биде помалку способна да им се заканува на своите соседи и рече дека тие веќе претрпеле значителни загуби на нејзините копнени сили.

Генералот Остин рече дека санкциите и трговските ограничувања ќе им го отежнат на руските сили повторното опремување и враќањето на воената способност до точка каде што може да ги „малтретираат своите соседи“.

Генералот на американската армија Марк Мили изјави дека клучната цел на состанокот е да се координира зголемената безбедносна помош за Киев, која вклучува тешко вооружување, како што се хаубици, со цел да се спречат руските напади врз Источна Украина.

– Времето не е на страната на Украина. Исходот на борбата зависи од луѓето на овој состанок. Украинците ќе се борат, а ние мораме да им обезбедиме средства за тоа, посочи генерал Мили.

Според експертите руската армија сè уште има технолошка и нумеричка предност во однос на украинските сили и може да си дозволи да води долга војна во Украина и покрај санкциите од Западот. Додека пак Украина може да се пофали со висок морал, креативни и приспособливи тактики на бојното поле и познавање на теренот, како и оружје и разузнавачки информации добиени од САД и нивните сојузници.

На состанокот во Рамштајн германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт првпат најави испорака на тешко оружје за Украина.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Украина најде одговор за рускиот Орешник?

Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…