Објавено на:

Американските банки најголеми финансиери на руските “јаглеродни бомби”

t

Банки од САД и од Обединетото Кралство се меѓу најголемите инвеститори во руските „јаглеродни бомби“, проекти за фосилни горива во време кога нивните влади отворено ја критикуваат и ѝ наметнуваат санкции на Москва поради воената инвазија врз Украина. Повеќе од 400 странски финансиски институции обезбедиле финансиска поддршка од 130 милијарди долари за руските компании, 52 милијарди долари во инвестиции и 84 милијарди долари кредити.

Јаглеродните бомби се проекти за екстракција на фосилни горива што содржат најмалку 1 милијарда тони јаглерод диоксид што е тројно повеќе од годишните емисии на Обединетото Кралство. Во Русија моментно има 40 јаглеродни бомби, од кои 19 управувани или развиени од руски компании, а се финансирани од странство.

Речиси половина од странските инвестиции во руски компании за јаглеродни бомби доаѓаат од финансиски институции од САД, а најголем инвеститор е банката „Џеј Пи Морган Чејс“ која во обезбедила 10 милијарди долари. Вкупно 154 финансиски институции од САД инвестирале во руските проекти на јаглеродни бомби.

Најголемата поединечна инвестиција во руските компании за јаглеродни бомби изнесува 15,3 милијарди долари, кои руската нафтена компанија „Росњефт“ ги доби од Катарски инвестициски фонд.

Обединетото Кралство е трет најголем инвеститор по САД и Катар, 32 финансиски институции инвестирале 2,5 милијарди долари. Најголемата инвестиција е на Банката ХСБЦ и изнесува 308 милиони долари. Финансиските институции од Јапонија, Норвешка, Швајцарија, Холандија, како и кинеските и италијанските банки обезбедија кредити од 45 милијарди долари.

– Војната на Путин се финансира преку пари од фосилни горива, кои предизвикуваат климатски дефекти додека зборуваме. Инвестирањето во руски јаглеродни бомби е најлошото нешто што можете да се направи во ова време – вели Свитлана Романко, директорка на украинската невладина организација „Разом ние стоиме“, која повикува на итен прекин на сите странски инвестиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Српски навивачи во Мелбурн извикуваат „Србија-Русија“…

Српски навивачи денеска се собраа пред стадионот…

Кој “ќари” од војната? Лани била најуспешна…

Продажбата на американско оружје во странство се…

Германската МНР: Ние водиме војна против Русија

Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок изјави…

Русија: Доказ дека Западот планирал војна со…

По денешната одлука на Германија да испрати…

САД контра Турција: Шведска и Финска се…

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, изјави…