Објавено на:

Америка зголемила увоз на руска нафта?

t

Додека ја води и оркестрира кампањата за санкционирање на изолирање на Русија, Америка не само што не престанала туку и го зголемила увозот на сирова нафта од Русија, тврдат десетина медиумски извори. За само една седмица, волуменот на увезената нафта наводно бил зголемен за 43%, пренесува Офнет.

„Соединетите Американски Држави го зголемиле увозот на сирова руска нафта за 43% за само една недела“, изјавил заменик секретарот на рускиот совет за безбедност.

Некои медиуми го потврдуваат зголемениот американски увоз на руска нафта повикувајќи се и на податоци од Американската агенција за енергетика а се работи за скорешен период од 19 до 25 март 2022 година, недела во која Американците наводно увезувале по 100.000 барели руска нафта дневно. На почетокот на март увозот достигнувал и количини од 148.000 барели на ден.

„Американците ја принудија Европа да наметне санкци за Русија додека самите тие, не само што продолжија да увезуваат нафта од Русија туку и за само една недела го зголемија волуменот за 43%,“ рекол Михаил Попов во интервју за Комсомолска правда.

Интересно е што во првата година од претседателствувањето на Бајден, увозот на руска нафта била двојуно поголем во споредба со 2020 година, достигнувајќи 72,608 милиони барели. Исто така, Русија стои зад 20% од вкупниот американски увоз на петролејски производи.

Извор: Офнет

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преполовени германските работни дозволи за Македонија и…

Од досегашните 50.000 дозволени работници, Германија одлучи…

Ученици од Крива Паланка собираат донации за…

Средношколците од училишната заедница на средното општинско…

(Видео) „Би-би-си“ со реконструкција за пожарот во…

„Би-би-си“ направи реконструкција на пожарот во дискотката…

Додик: Или нов договор или да се…

Водечките претставници на Република Српска изјавија дека…

ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање…

Воено-здравствениот систем и ВМА се достапни за…