Америка предупредува: По руската инвазија Путин има список на Украинци кои треба да бидат ликвидирани и испратени во кампови
САД ги предупредија Обединетите нации дека имаат информации дека Русија има списоци на Украинци „што треба да бидат убиени или испратени во кампови“ во случај на инвазија, според писмото испратено до шефот за човекови права на ОН.
Во писмото во моменти кога Вашингтон предупредува за неизбежна инвазија на руските трупи на Украина, се вели дека САД се „длабоко загрижени“ и предупредуваат на потенцијална „катастрофа за човековите права“.
Соединетите Држави имаат „веродостојни информации кои укажуваат на тоа дека руските сили создаваат списоци на идентификувани Украинци кои треба да бидат убиени или испратени во кампови по воена окупација“, се вели во писмото.
„Имаме веродостојни информации дека руските сили најверојатно ќе користат смртоносни мерки за да ги растераат мирните протести или на друг начин да се спротивстават на отпорот од цивилното население“, се вели во пораката упатена до високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет.
Нотата, потпишана од Батшеба Нел Крокер, амбасадор на САД во ОН во Женева, предупредува дека руската инвазија на Украина може да донесе злоупотреби како што се киднапирања или тортура и на мета ќе бидат политичките неистомисленици и верските и етничките малцинства, меѓу другото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…