Ампева бpyтално до Бектеши: Дојдете во Источна Македонија да видите како се живее со минимална плата во време кога цените вртоглаво растат

„Имаме уште неколку дена од месецот каде што цените на производите се замрзнати и тоа пазете претходно пред замрзнување цените беа покачени. Цените не беа замрзнати во моментов кога беа пониски туку кога се покачија тогаш се замрзнаа. И не е возможно вие со толкави сметки за струја да го поминете месецот нормално. И читаме по социјалните мрежи, контактираме со луѓе, знаеме колкави се сега сметките за струја. Така да ако министерот смета со минималец од 15.000 денари може едно четиричлено семејство да издржи, јас би го поканила да дојде да види како изгледа тоа“, истакна Кристина Ампева, претседател на „Гласен текстилец“ во „Утрински Брифинг“.
Ампева го покани Бектеши во Источна Македонија да види како луѓето преживуваат со минималец во ова време кога цените вртоглаво растат на прехранбени производи и самите сметки.
„Нека дојде до Источна Македонија, токму тука текстилните работнички се оние кои што заработуваат парче леб за цели фамилии, нека дојде да види како се живее. И нека ми каже дали е во ред да нема никакво покачување на платите“, рече Ампева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во среда ќе нема струја од 4…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…
Хидранти нема ни во Совет на Општина…
Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…
(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!
Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…
Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…
На почетокот од 59. минута од вечерашниот…
Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…
Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…