Анархија во Тетово: Со Молотови коктели запалиле казино во кое полицајци вршеле увид
Две лица се приведени рано утринава во Тетово како осомничени за предизвикување пожар во обложувалница-казино во градот, по што поради огнот се повредени двајца полицајци. Тоа се случувало околу 05 часот додека два часа подоцна тие се најдени и приведени.
Денеска во 07.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец А.К. поради сомнение дека заедно со тетовецот Н.Л.(34) околу 05.00 часот фрлиле шишиња со запалива течност во спортска обложувалница-казино на улица „Илинденска“ во Тетово и предизвикале пожар. При тоа, со повреди се здобиле двајца полициски службеници, кои во објектот преземале службени дејствија во врска со друг, претходно пријавен настан, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Триесет годишникот А.К. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, а полицијата најавиде дека ќе следуваат соодветни поднесоци за инволвираните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хезболах не знаел дека купува пејџери од…
Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…
74-годишна жена од Охрид заврши во болница…
Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…
Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…
Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…
ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…
Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…
20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…
20-годишен возач е тешко повреден откако со…