„Анима Мунди“: Институциите молчат за закланите коњи во скопската Зоолошка градина

t

Институциите не даваат одговори за случајот со закланите коњи во ЗОО Скопје, реагираат од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“. Во пресрет на новото судско рочиште за овој случај од јули 2022 година, кое според најавите треба да се одржи денеска во 10:30 часот, здружението информира дека испратило барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до Зоолошката градина Скопје и до Државното правобранителство.

„Со барањата побаравме одговор, меѓу другото, на едно суштинско прашање: Чии се коњите кои биле одземени од сторители на кривични дела, ставени под институционална грижа и потоа заклани? Покрај конкретните прашања поврзани со самиот случај, испративме и генерички, системски прашања за правниот статус на одземените животни: кој е нивниот сопственик, кој е одговорен за нивната благосостојба и кој се смета за оштетена страна кога такви животни се убиваат? Ниедно прашање од овие барања не е одговорено,“ велат од здружението.

Од здружението велат дека ваквото молчење е загрижувачко, бидејќи според нив не станува збор за информации што би можеле да ја попречат судската постапка. Напротив, како што посочуваат, станува збор за основни прашања од јавен интерес поврзани со функционирањето на институционалниот систем.

„Ако институциите не можат или не сакаат да одговорат чија сопственост се животните што државата ги одзема, тогаш се отвора опасна правна празнина: дали е можно живи суштества да бидат одземени од криминал, ставени под институционална грижа, а потоа да се третираат како ничии, да си ги примопредаваат како ќе им текне и за која и да е намена, невидливи и без правна заштита? Ако нема сопственик, тогаш нема ‘оштетена страна’. А ако нема оштетена страна, тогаш малтене нема ни штета. Со други зборови, животните стануваат правно безвредни.

За нас е особено скандалозно што во овој случај, масакр врз животни затекнат од полиција, наместо да се третира како ‘мачење и малтретирање на животни’, се сведува на обвинение за ‘несовесно работење во службата’. Станува збор за организирано колење животни во државна институција — пред сведоци и пред очите на јавноста. Полиција упаднала додека траел самиот чин и извела приведување. Ако ваков очигледен случај, црно на бело и документиран, помине без вистинска одговорност, тоа ќе испрати опасна порака дека системот може да ги направи животните ничии, а со тоа и нивното страдање правно неважно,“ велат од „Анима Мунди“.

Од здружението додаваат дека веќе поднеле жалби поради тоа што не добиле одговор на поднесените барања за информации од јавен карактер, и очекуваат институциите да се произнесат по нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Македонија е исфрустрирана и агресивна средина…

Одбивам да прифатам дека ова е најдобро…

Тројца Суданци ограбиле 27-годишник во Скопје

Тројца Суданци се уапсени утринава во скопската…

Аеродромот во Тирана со најголем број на…

Албанија се пофали со најмногу патници на…

Скопајнец физички ги нападнал мајка си и…

Вчера во СВР Скопје е пријавено дека…

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Задушница

Поради верскиот празник Задушница денеска од 6:00…