„Антиваксери“ влегоа во Лекарската комора во Виена
На изборите за Лекарската комора на Виена, во тоа тело успеаја да влезат антиваксери собрани околу движењето „Луѓе, слободи, фундаментални права“ (МФГ).
Победник на изборите беше „Здружението на австриски лекари – Штајнхарт листа“, а на второ место е „Тимот на Томас Шекерес“, актуелен претседател на Лекарската комора.
На изборите лекарите можеа да изберат меѓу 14 фракции, од кои 11 успеаја да влезат во собранието на Лекарската комора, а меѓу нив има и антиваксери.
„МФГ“ успеа да стане четврта сила во Лекарската комора со шест освоени мандати.
Инаку, „МФГ“, кој постои помалку од една година, создаден за време на пандемијата со обединување на противниците на епидемиските мерки и вакцинацијата, станува важен фактор во Австрија.
„МФГ“ досега успеа да влезе во одредени покраински и општински собранија, а во анкетите на јавното мислење се споменува како сила која би можела да го помине прагот на парламентарните избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…