Антикорупциoнерите во 2022 ќе ги проверуваат имотните листови на судии, обвинители, но и на директори на ЈП и претседатели на совети

t

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), согласно планот за проверка на имотната состојба, во 2022 година ќе ги проверува податоците од изјавите за имот на 10 судии и 10 обвинители, 10 директори на јавни здравствени установи, четворица раководни лица во државните инспекторати за транспорт, за градежништво и урбанизам, за животна средина и за земјоделство.

Првпат ќе се проверуваат и изјавите на 10 претседатели на совети во локалната самоуправа и 10 директри на јавни претпријатија.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, информира дека составен дел на планот е и акциски план за проверка на имотната состојба и судирот на интереси од областа на правосусдтвото, локалната самоуправа и органите на извршната власт.

Според Ивановска, овие области се оценети во последните години како ризични во однос на перцепцијата на граѓаните во разни анкети или нивни искуства за коруптивните дејствија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…