Анџело, Клементина и Андреј бараат повторно судење и помали казни за убиството на Денис Тот, на потег е Апелација

t

Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски, неправосилно осудени за убиството на Денис Тот, бараат одново да им се суди, а пресудата да биде укината. Тие пред Апелација ги кажаа своите аргументи поради кои сметаат дека не го сториле делото убиство, но и поради кои сметаат дека казните им се високи.

Посочуваат дека Обвинителството греши, а тоа го објаснуваа со тезата дека Тот не може да биде убиен со неколку удари оти имал добра кондиција и на натпревари го удирале и по десетина пати.

„Очекуваме дека жалбите ќе ни бидат уважени, очекуваме дека првостепената пресуда ќе биде укината и дека ќе одиме на повторно судење. Сите бранители жалбата ја побиваме по четирите основи. Сметаме дека има суштествена повреда на постапката, дека не е целосно утврдена фактичката состојба, дека е повреден Кривичниот законик, дека е превисока казната“, рече адвокатот Бојан Василевски, бранител на Клементина, по јавната седница.

На јавната седница се повтори одбраната што обвинетите ја дадоа и пред Кривичниот суд. Посочија дека Тот бил пијан. Адвокатот Иле Танев рече дека првостепениот суд селективно ги ценел и доказите.

„Судот имаше селективен пристап и ги ценеше доказите што одат само на товар на Анџело Ѓеоргиевски, но и доказите што одат на товар на обвинетите“, посочи адвокатот Танев, бранител на Анџело Ѓорѓиевски.

Еленко Миланов, бранител на Андреј Костовски, посочи дека најголем проблем е правната квалификација.

„Сметам дека во конкретниот случај е спорна правната квалификација за сите обвинети, дека може да станува збор за убиство. Во однос на мојот клиент, единственото дејство е во пределот на десната страна на градниот кош – каде што нема модринка, нема знаци на повреда, а тоа е единственото дејствие кое го врзува како соизвршител во кривично дело убиство. Таа правна квалификација не може да биде“, рече Еленко Миланов.

Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска добија по 18, а Андреј Костовски 16 години затвор за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Сите тројца се во притвор поради опасност од бегство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трет ден беснее пожарот над селото Гари!

Веќе трет ден беснее пожар во планината…

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата…

Одговорност за бегството на Рамадани Владата да…

Филипче: Мицкоски го одби предлогот за нов…

Во Министерството за правда веќе има нов…

„Спасете го Гари пред да му нема…

Втор ден беснее огнот во близина на…

СДСМ: Пандов и Меџити јасно ја лоцираа…

Владата на ВМРО-ДПМНЕ сама себе се демантира…