Апасиев бара поголема ангажираност од граѓаните за да се урне власта: Со тастатура-активизам сите знаеме да сме јаки
Лидерот на Левица Димитар Апасиев ги повикува граѓаните да се приклучат на партијата за заедно да ја сменат власта, бидејќи само со авангарда не може да се победи.
Најмизерни ми се оние кои ни солат памет „како требало“, а со прст не мрдаат да го подобрат општеството!?
Дечки, добро е бе! Со тастатура-активизам сите знаеме да сме јаки. Бујрумте, ставете си ја главата у торба, па променете ги работите. Или, приклучете ни се – па ЗАЕДНО да ги мењаме…
Оти, само со авангардата не може да се победи! Да се фрли само таа во решителниот бој, додека народот не зазел позиција барем на благонаклона неутралност кон неа и на потполна неспособност да го поддржува нејзиниот непријател – би било не само глупост, туку и политичко злосторство. А за да може целата потлачена КЛАСА, сите оние кои се угнетени од капиталот, корупцијата и мафијата, да дојдат до таква позиција – за тоа не е потребна само пизма и солење памет по папучи. За тоа е потребен сопствен политички опит на плебсот. Преку Партија!
Бујрумте, ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ кон нашата кауза.
Оти левичарите не се месии, туку фајтери
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…
ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…
ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…
Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…
Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот…
Касами со албанско знаме го пречека таткото…
Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…