Апасиев: Денес е денот Д за патните трошоци
На собраниска седница денеска ќе биде поставен предлог-законот на Левица за ограничување на огромните суми пари кои пратениците ги наплаќаат на име патни трошоци.
Апасиев утрово се огласи на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук:
– Според сегашната манипулативна методологија, за секои извозени 100 km пратениците наплаќаат по околу 1.700 денари на име “ПАТНИ ТРОШОЦИ” + патарини. Ние предлагаме овој трошок да се намали на 6,5 литри гориво на поминати 100 km (што би било околу 500 денари), напиша Апасиев.
Додава дека денес е денот Д.
– Да видиме како ќе се изјаснат пратениците на пленарната седница закажана во 11:00 часот…, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…
Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!
Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…