Апасиев за Савески: Како иста глава да имаат со Мицкоски
Новиот државен обвинител излезе дека е латентно вмровско конте. Дојде дотеран со некои квази-манири, но за 24 часа, како иста глава да имаат со Мицкоски. Се што кажа Мицкоски на говорница, овој му исполни за 24 часа, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев за новиот државен јавен обвинител.
Апасиев критикува дека Савески ја обвинителката Алексова-Трајчевска која беше, како што вели, единствениот квалитетен обвинител која што ги уапси началниците и полицајците осомничени за кобната ноќ во Кочани. Исто така, додава Апасиев, Савески ја отфрли претставката на обвинителката Ленче Ристоска и вели дека сега ќе ја разрешат.
-Ристоска е една од најквалитетните обвинители во државата.Тоа е намерно за да застарат Талир 1 и Талир 2…Па Мицика да беше обвинител, ќе речеше многу е ова за два дена…Ова е ненормална работа што ни се случува. Нема никаква логика, освен партиска. Луѓе кои ги бирате вака на функции, често дури и да не им побарате ништо, од долг што чувствуваат, се улижуваат. Ова го прави „апла вмроизација“ на Обвинителството. На голема врата се враќаат луѓе од тефтерчињата. Ни претстои лоша клима, кажа Апасиев во емисијата „Аргумент плус“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев го тужи Собранието
Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија…
Левица: Нов ценовен шок – власта повторно…
Иако Владата се фали со „успешни мерки”…
Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…
Пратеник по Устав и по Деловник има…
(Фото) Пратениците на Левица остварија официјална средба…
Денес, 18 октомври 2023 година (среда), претседателот…
Апасиев: Партијата на Мицкоски со ново предавство,…
Говор на претседателот на Левица проф. д-р…