Апасиев: Не може лекар да одговара за лекарска грешка, а судија да не одговара за незаконска примена на правото
„Никаде не го гледам укинувањето на неодговорноста на судиите. Ако треба, и Уставот треба да го смениме за тоа. Не може лекар да одговара за лекарска грешка, а судија да не одговара за незаконска примена на правото или за изворите на правото. Зошто овие прашања не ги дискутираме како суштински?“, изјави пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на расправата за Предлог-законот за Судски совет.
Апасиев од собраниската говорница праша зошто не се размислува за укинување на трајниот мандат на судиите. Според него, потребно е да се врати првичниот југословенски модел со мандат од девет години.
„Девет години и фајронт, толку. Понатаму можеш само нагоре – во Апелација или во Врховен суд. Ако не те бива, биди адвокат, нотар или што сакаш“, рече Апасиев.
Тој посочи дека разрешувањето на судија е, како што рече, „ѓаволски тешко“, додека именувањето е многу лесно. Според него, проблем претставува и недоволната транспарентност во изборот на судиите.
„Немаме ниту CV на судиите, не знаеме што бираме. Ќе отидете на веб-страница на судија – нема ниту слика, ниту биографија, а тој може да ви изрече доживотна казна затвор“, додаде Апасиев.
Со 73 гласа „за“ и еден „воздржан“, Собранието денеска ги усвои измените на Законот за Судски совет. Целта на законските измени е враќање на довербата во судството преку отстранување на системските слабости и воведување повисоки стандарди за транспарентност и отчетност.
Меѓу најзначајните новини е воведувањето јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет, со што се става крај на досегашните контроверзни практики. Дополнително, законот прецизно ги дефинира критериумите за избор на „истакнат правник“ и предвидува задолжителна јавна расправа при избор на членови на Советот кои не се од редот на судиите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судски совет, Врховен суд и Здружение на…
„Господине Премиер, Веќе подолго време Вашите коментари…
СДСМ: Со Мицкоски нема судски реформи, неговата…
Знае ли Мицковски што е независно судство…
Апасиев го тужи Собранието
Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија…
Филипче: Подадов рака за вистински реформи во…
Правдата беше едно од клучните ветувања на…
Левица: Нов ценовен шок – власта повторно…
Иако Владата се фали со „успешни мерки”…