Апасиев: Под итно ни е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
Димитар Апасиев во објава на Фејсбук порача дека семејното насилство треба да се казнува построго од обичното насилство, нагласувајќи дека основната функција на семејството е да обезбеди заштита и сигурност.
„Како што дрска кражба се казнува повеќе од обична, а убиство со умисла повеќе од убиство на миг, така и семејното насилство треба да се казнува повеќе, а не помалку од обично насилство – затоа што една од основните функции на семејството е заштитната“, напиша Апасиев.
Тој го поставува и прашањето за безбедноста на жртвите во случаи кога насилството се случува во домот, потенцирајќи дека заштитата е доведена во прашање кога насилството доаѓа од најблиските.
Апасиев повика на итна и, како што наведува, „радикална реформа“ на центрите за социјална работа, оценувајќи дека тие се заостанати и исполнети со нестручни партиски кадри.
Според него, институциите мора итно да се реформираат со цел поефикасна заштита на жртвите и поефективно справување со случаите на семејно насилство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев го тужи Собранието
Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија…
Левица: Нов ценовен шок – власта повторно…
Иако Владата се фали со „успешни мерки”…
Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…
Пратеник по Устав и по Деловник има…
(Фото) Пратениците на Левица остварија официјална средба…
Денес, 18 октомври 2023 година (среда), претседателот…
Апасиев: Партијата на Мицкоски со ново предавство,…
Говор на претседателот на Левица проф. д-р…