Апасиев со говор во Москва: Важно да се зачува историската вистина и да се спротивставиме на обидите за историски ревизионизам

t

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ) Генадиј Зјуганов, претседателот на Левица, Димитар Апасиев заедно со членот на Президиумот на Партијата, Александар Симонов, се во официјална посета на Руската Федерација по повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот.

„Денес, во рамки на одбележувањето на јубилејните 80 години од победата над фашизмот, Апасиев одржа говор во Паркот на победата во Москва, каде што истакна дека Левица се бори против историскиот ревизионизам и ги брани вредностите на антифашистичката борба: „Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз против заедничкиот непријател. Во борбата против фашизмот бевме обединети и таа солидарност е основа на нашата историска поврзаност, која сме должни да ја зачуваме. Во контекст на современата меѓународна нестабилност, особено е важно да се зачува историската вистина и да се спротивставиме на обидите за историски ревизионизам. Победата од 1945 година е победа на антифашизмот и победа на човештвото. Наша должност е да ја пренесеме оваа вистина на идните генерации, да го зајакнеме мирот заснован на почит, еднаквост и солидарност меѓу народите” – потенцираше Апасиев во својот говор.

Во рамките на посетата, претседателот на Левица Апасиев и Симонов ќе остварат средба со пратеници на КПРФ во Државната дума на Руската Федерација. Посетата ќе трае до сабота, а утре ќе присуствуваат на главната Воена парада во Москва, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…