Објавено на:

Апсење во Прилеп: Полицијата пронајде марихуана

t

Четири лица се приведени, а 16 возачи се казнети во текот на изминатата вечер од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп во спроведените контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.

Од МВР денеска информираа дека кај приведените лица била пронајдена марихуана и против нив ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

– Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 16 возачи, од кои 13 возачи се исклучени од сообраќај. Од нив, 11 возачи управувале возила под дејство на алкохол, 15 управувале возило без важечка возачка дозвола, се појаснува во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдена марихуана, приведен дилер во Скопје

На 28.09.2022 околу 19.00 часот на подрачјето…

Турчин уапсен бидејќи се шетал со нож…

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција…

Приведена 26-годишна скопјанка барана со централна потерница:…

Вчера во Скопје, полициски службеници од тим…

Димитриевски на средба со граѓани во Прилеп:…

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, вчера…

Акција на МВР во Прилеп: Пронајдена дрога,…

На 20.09.2022 во Прилеп, полициски службеници од…