АП: Ако Ормускиот Теснец остане затворен, цената на нафтата може да скокне до 150 долари
Продолжувањето на војната со Иран без јасен крај повторно ги турка цените на нафтата кон 100 долари за барел, додека берзите бележат пад ширум светот, јавува Асошиејтед прес.
Индексот S&P 500 падна за 1,1 проценти, по неколку дена релативно стабилно движење на пазарот. Индустрискиот индекс Дау Џонс се намали за 575 поени или 1,2 проценти, додека технолошкиот индекс Насдак падна за 1,4 проценти.
Центарот на вниманието повторно беше пазарот на нафта. Цената на суровата нафта од типот брент, меѓународниот стандард, порасна за 7,9 проценти на 99,25 долари за барел, откако кратко достигна 101,59 долари.
Страв од долгорочна енергетска криза
Зголемената загриженост произлегува од можноста војната да ја блокира производството и транспортот на нафта од Персискиот Залив на подолг рок, што би можело да предизвика нов бран инфлација во глобалната економија.
Новиот врховен лидер на Иран, Муџтаба Хамнеи, во својата прва изјава порача дека Техеран ќе продолжи со нападите врз земјите од Заливот и ќе го користи затворањето на Ормускиот Теснец како средство за притисок врз САД и Израел.
Клучна рута за светската нафта
Околу една петтина од светската нафта обично поминува низ Ормускиот Теснец, една од најважните поморски рути за глобалната трговија со енергенси.
Поради ризиците во регионот, некои производители од Персискиот Залив веќе го намалуваат производството, бидејќи транспортот на нафта станува сè потежок.
Во обид да се ублажи кризата, земјите членки на Меѓународната агенција за енергија најавија дека ќе ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од стратешките резерви наменети за вонредни ситуации.
Можен скок до 150 или дури 200 долари
Сепак, експертите предупредуваат дека ваквите мерки се само краткорочно решение и не ги отстрануваат долгорочните ризици.
Аналитичарите проценуваат дека доколку Ормускиот Теснец остане затворен подолг период, цената на нафтата може да скокне и до 150 долари за барел.
Иран, пак, предупреди дека во такво сценарио цената би можела да достигне и 200 долари за барел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АП: Ако Ормускиот Теснец остане затворен, цената…
Продолжувањето на војната со Иран без јасен…
Владата организираше ифтарска вечера – Мицкоски: Почитта…
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва беше домаќин на…
Лариџани: Војната не се добива со твитови,…
Војна не може да се добие со…
Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е…
Состојбата со енергенсите будно се следи и…
Груби скроил своја „црна листа“: Кои 5…
Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој неодамна се…