Арбен Фетаи останува без ниту еден пратеник – Мимоза Муса и Илир Демири ќе бидат гласот на АА во ВЛЕН

t

Арбен Фетаи останува без пратеник. Мимоза Муса и Илир Демири му се приклучија на Азир Алиу и одлучија дека во рамките на ВЛЕН тие ќе бидат гласот на АА. Групата на Алиу се собра и синоќа во Тетово, додека Арбен Фетаи не беше поканет.

„АА одлучи политичкиот глас во ВЛЕН, на АА да биде Латиф Латифи. Оваа промена се случи поради промени кои се случуваат во рамките на обединувањето на Влен, во структурата на АА како дел од ВЛЕН“, додаде Азир Алиу.

Претходно, во групата на Фетаи беше усвоена „Нова Алијанса“, оценета како стратешки чекор за посилно и поунифицирано политичко структурирање. Сепак, Алиу вели дека тежината на партиите се мери според бројот на пратеници.

„Тежината на политичките партии се мери според бројот на пратеници… знаете дека сега пратеникот Илир е со нас и работиме наскоро еден или двајца пратеници да се приклучат во структурата на АА како дел од ВЛЕН“, рече Азир Алиу.

Прашан од ТВ21, Фетаи рече дека нема групи во Алијанса, бидејќи, како што рече, Собранието едногласно одлучило за спојување на структурите.

„Нема никакви несогласувања и нема групи во Алијансата. Како Нова Алијанса, едногласно донесовме одлука за спојување на структурите и сум овластен да ги водам преговорите на лидерско ниво за создавање на ВЛЕН како единствен политички субјект“, вели Арбен Фетаи.

Иако и Алиу и Фетаи зборуваат за спојување во ВЛЕН, сепак не се согласуваат. Во меѓувреме, Алијансата за Албанците изгледа веќе поделена на четири делови: делот на Села и Таравари, делот на Фетаи и делот на Алиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арбен Фетаи останува без ниту еден пратеник…

Арбен Фетаи останува без пратеник. Мимоза Муса…

Руте утре доаѓа во Скопје, ќе има…

На 03.03.2026 година (вторник), во официјална посета…

Цените на нафтата пораснаа за 8% поради…

По ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток,…

Путин предупреди на опасноста дека американските и…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговарал со…

(Видео) Нетанјаху се појави за првпат по…

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху денеска го посети…