Арсовска ги испрати средношколците кои ќе учествуваат на светското финале на натпреварот “Aramco F1 in Schools”
За прв пат македонски тим на средношколци ќе учествува на светското финале на натпреварот “Aramco F1 in Schools” во Лондон, Англија, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска.
-Средношколците Марио Блажевски, Мирослав Мишоски, Калин Јовановски, Никола Мишоски и Мила Перинска се првиот македонски тим кој ќе учествува на престижниот меѓународен натпревар за дизајнирање, тестирање и изработка на мини болид по примерот на моделите на Формула 1 кој работи со погон на компримиран воздух. Во Македонија има млади кои носат голем потенцијал да развиваат технологии со кои ќе започнат да ја развиваат нивната кариера во инженерската област. Градот Скопје секогаш се гордее и дава поддршка на иновативни креативни млади луѓе кои со своите активности претставуваат поттик и мотивација за сите генерации, истакна Арсовска.
Им посакуваме големи успеси, им порача Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…