Арсовска најави реализација на голем инфраструктурен проект: Град Скопје целосно ќе ја финансира реконструкцијата на улицата “Скоевска” во Бутел

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на нејзиниот Фејсбук профил објави дека Градот Скопје целосно ќе ја финансира реконструкцијата на улицата “Скоевска” во општина Бутел.

“Градот Скопје ќе ја финансира целосната реконструкција на улицата „Скоевска“ во општина Бутел Советот на Град Скопје на денешната седница расправаше и донесе одлука Град Скопје да реализира голем инфраструктурен проект за целосна реконструкција на улицата Скоевска во Радишани, општина Бутел.

Проектот ќе се реализира преку меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Бутел, а со истиот се предвидува целосна реконструкција на коловозот на улицата. Улицата Скоевска е една од поголемите улици во населба Радишани која се движи паралелно со магистралната улица Радишанска и е во должина од околу 500 метри.

Проценетата вредност на овој проект изнесува околу 24 милиони денари и средствата ќе се обезбедат од буџетот на Град Скопје, додека Општина Бутел ќе учествува во проектот со изработка на техничка документација и решавање на евентуалните имотно правни односи.” – напиша Арсовска на Фејсбук.

Линк до објавата: https://www.facebook.com/103786094706664/posts/534336098318326/?d=n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…