Арсовска оствари средбата со претставниците на „Мобилност“: Ќе се спроведува проект кој ќе го подобри квалитетот на живот на лицата со телесен инвалидитет
Денеска со претседателот и претставници на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје Мобилност разговаравме за проектот „Мобилна личност успешна индивидуа”, кој се реализира со поддршка на Град Скопје, како и за динамиката на неговата реализацијата.
Овој проект има за цел да го подобри квалитетот на живот на лицата со телесен инвалидитет од здравствен, социолошки, образовен, културен и економски аспект. На корисниците им се овозможува да се стекнат со мобилност која им е неопходна за меѓусебна соработка, вмрежување и рушење на стереотипите. Во рамки на проектот со формирање на Комисија и објава на јавен повик ќе се доделуваат додатоци на електромоторни погони за инвалидски колички на лица со телесен инвалидитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…