Арсовска: Работиме во интерес на граѓаните, го зачувавме зеленилото во Аеродром

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во својата изјава за медиумтие говореше за реализацијата на улицата Васко Карангелевски во населба Аеродром и текот на проектот кој е наследен од претходната градска администрација.

Таа напомена дека се соочиле со голем предизвик бидејќи проектот кој го наследиле предвидувал сеча на повеќе од стотина дрвја, но сепак успеале да го зачуваат зеленилото во градот.

-Овој проект е започнат од претходното раководство на Градот и имаше навистина голем предизвик, а тоа беше предвиденото сечење на дрворот со стогодишни дрва, повеќе од стотина од нив. Она кое што успеавме да го направиме е да направиме извесни измени во рамки на овој проект каде што би се зачувале над стотина дрвја кои биле планирани за сеча и тоа здрави дрјва чија единствена намеа за сеча беше да се пробие и прошири оваа улица, вели Арсовска.

Дрвјата ќе бидат зачувани истакна градоначалничката Арсовска.

-Успеавме да го зачуваме зеленилото со тоа што дрворедот пред пензионерскиот дом ќе биде целосно зачувани. Тука имаме вкупно над 70 стари дрвја, стари повеќе од 100-тина години, вели таа.

Таа напоменува дека излегле во пресрет на граѓаните и во нивен интерес Град Скопје го зачувал овој зелен појас со тоа што го промениле проектот на Петре Шилегов во кој се предвидувала сеча на стотина дрвја.

-Како што можете да забележите одсадивме 16 здрави дрвја заедно во соработка со општина Аеродром кои беа пресадени во потегот кај основното училиште Љубен Лапе, додава Арсовска.

Проектот потенцира Арсовска е клучен за граѓаните на општина Аеродром бидејќи се работи за тесно грло во општината на кое има огромна фрекфенција на граѓани.

-Исто така значително е што барањето да се отвори улицата е едно од најзначајните бидејќи тука има големо гравитирање на граѓаните, локација на која има голем број објекти од интерес на граѓаните и ова претставува едно стеснување кое на барање на граѓаните мораше да се реши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…