Арсовска: Се залагам за поефикасни, транспарентни општини и унапредување на фискалната децентрализација

На денешниот настан по повод потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Градот Скопје и Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој, за проектот за воспоставување ново партнерство и овозможување подобро општинско буџетирање, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, истакна дека оваа соработка е значајна за да се зајакне одржливоста на локалните самоуправи. Таа истакна дека важно е унапредувањето процесот на фискална децентрализација, со цел да им се овозможи на општините потребната самостојност во делувањето за обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните.
-Како претседателка на ЗЕЛС и градоначалничка на Скопје, во континуитет се залагам за создавање на поефикасни и поефективни институции на локално ниво, но мора и да се потенцира потребата од континуиран развој на политиките кои се воспоставуваат на национално ниво, со цел градење подобра соработка меѓу институциите од националната и локалната власт, како и за зајакнување на ефективноста и транспарентноста во работењето на општините, истакна Арсовска.
Градоначалничката посочи дека системското решавање на предизвиците поврзани со локалните самоуправи, особено во дел на зголемување на фискалната децентрализација и независност за општините. Ова е приоритет кој има навистина голема импликација врз функционирањето на општините, како и за општото добро со цел реализација на поголем број проекти насочени кон подобрување на дејствувањето во служба на нашите сограѓани.
-Позитивните реформи за зајакнување и зголемување на алатките за децентрализација можат да создадат добра основа за креирање на уште поповолни политики кои влијаат на локалното владеење, но и да го зајакнат гласот на ЕЛС во креирањето на националните политики, истакна Арсовска во своето обраќање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НСС УКИМ ги повикува сите студенти на…
„Во име на студентската автономија, НСС УКИМ…
Задушување е причината за смртта кај сите…
Причината за смртта на сите 59 загинати…
Пет лица се во болница! – Детали…
Денеска (21.03.2025) околу 13.00 часот во Полициската…
Костадинов: Темелни контроли на угостителските објекти и…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, изрази сочувство…
(Фото+ Видео) Има ли ова крај –…
Тешка сообраќајна несреќа во близина на Кочани…