АХВ изрече над 19 илјади евра казни во 1221 контрола
Парични казни од над 19 илјади евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на спроведените 1221 вонредни контроли кои беа спроведени пред Велигденските празници. Уништени се и повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, нештетно уништени на депонијата Дрисла беа и повеќе од 40 тони небезбедни јајца по потекло од соседна Србија кои беше спречено да се прошверцуваат во земјава.
За утврдените недоследности со вонредните контроли (пласирање на пазарот храна со поминат рок на траење, употреба на замрзанато месо (триминг) во подготовки од месо, несоодветно означени производи и други недоследнсти), донесени се 35 решенија за нивно отстранување, изречени се и 6 опомени.
Со контролите кои беа насочени кон сите сегменти од синџирот на храна и имаа за цел спречување на пласирање на небезбедни производи и сузбивање на нелегална трговија пред Велигденските празници, утврдено е и дека 7 од објектите не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. Три оператори немале извршено задолжителни здравствени прегледи за вработените лица и не ги исполнувале барањата во однос на стручната подготовка за ракување со храна, а кај 13 оператори утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите за работа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ изрече над 19 илјади евра казни…
Парични казни од над 19 илјади евра…
МВР најавува засилени контроли за брзо возење
Македонската сообраќајна полиција, како дел од Европската…
АХВ врати 10 тони јагнешка кожа што…
Во рамки на засилените контроли на граничните…
АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по…
АХВ: Уништени над 1 тон небезбедна храна…
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна”…