Ахмети го исполнува договорот со Мицкоски: ДУИ ќе гласа за законот битен за “безбеден град“

t

Пратеничката група на ДУИ сепак ќе ги поддржи измените на законот за прекршоци попознат како сејф сити кој треба да се најде на дневен ред на седницата в петок, а чија имплементација треба да стартува на почетокот на февруари.

Координаторката на пратеничката група Рина Ајдари денеска од собранискиот прес центар го изнесе ставот на интегративците но и додаде дека очекуваат МВР да работи на забелешките кои тие ги имале за овој закон .

ТВ 24 и денеска ја контактираше пратеничката група на СДСМ од каде велат дека како конструктивна опозиција секогаш се отвоени да дадат поддршка за добрите законски решенија но остануваат на ставот дека треба да се дискутира за одредени точки како што беа високите казни и што ќе се случува со огромната количина на податоци за кои СДСМ бара гаранција дека нема да бидат злоупотребувани од актуелната влада .

СДСМ

– СДСМ секогаш била конструктивна партија а сега и како конструктивна опозиција немаме проблем да дадеме поддршка на добрите законски решенија но треба да се дискутира сериозно за неколку аспекти поврзани со законот за прекршоци. Едниот е висината на казните , и другото гаранциите дека власта нема да ги злоупотребува количините на податоци кои тој систем ги генерира .

Сепак од СДСМ велат дека кога се работи за добро законско решение собранието е вистинското место каде може да се води оваа дебата па и доколку е потребно да се одложи дејството за спроведување на законското решение макар и за месец или два ако тоа е доволно за да се постигне договор за подобри законски решенија .

Инаку од денеска стартува тестирањето на камерите на сејф сити информираа и од МВР а ќе трае се до 31 јануари секој ден од 8 до 20 часот.

Токму законот за прекршоци беше една од темите на лидерската на која лидерот на СДСМ Филипче не присуствуваше но и претходно укажуваше на тоа дека нема проблем дискусиите за важните законски решенија да се водат во собрнаието.

Останатите лидери пак разговараа и за други теми иако првиот интегративец најави тет а тет средба со Мицкоски за прашањата поврзани со бадентерот и гласањето на зимените на Законот за влада но сепак одлуката за сејф сити интегративците ја донесоа пред да се реализира средбата меѓу Ахмети и Мицкоски . За сега се уште нема договор ниту за изборот на Народен правобранител бидејќи како што и денска посочија интегративците инсистираат на ново име наместо предложеното .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети го исполнува договорот со Мицкоски: ДУИ…

Пратеничката група на ДУИ сепак ќе ги…

Внимавајте! Еве како изгледа лажната СМС порака…

Министерството за внатрешни работи упати итен апел…

Азевски контра одлуката на владата за увоз…

Домашни, наместо странски работници. Ова е изборот…

(Видео) Мицкоски од Давос во улога на…

Добар ден Македонијо! Добар ден од Давос,…