Ахмети се сретна со в.д. амбасадорката на САД: Зборувале за владеење на правото и зачувување на меѓуетничките односи
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, се сретна со вршителката на должност амбасадор на САД, Никол Варнс. Како што соопшти, во фокусот на разговорот биле владеењето на правото и актуелните случувања поврзани со мирот и глобалната стабилност.
Ахмети истакна дека за време на средбата ја изразил благодарноста за континуираната поддршка од Соединетите Американски Држави и уверувањето дека партнерството меѓу двете земји ќе продолжи да се зајакнува во интерес на мирот и стабилноста.
„Денес имав задоволство да се сретнам со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во нашата земја, Н.Е. г-ѓа Никол Варнс. За време на средбата водевме отворен и конструктивен разговор за прашања од заеднички интерес, со посебен акцент на владеењето на правото, важноста од зачувување на добрите меѓуетнички односи, како и актуелните случувања поврзани со мирот и глобалната стабилност. Ја изразив мојата благодарност за континуираната поддршка на Соединетите Американски Држави кон демократските вредности, евроатлантската интеграција и перспективата на нашата земја. Убеден сум дека нашето партнерство ќе продолжи да се зајакнува во функција на мирот, стабилноста и подобрата иднина за сите граѓани“, напиша Али Ахмети на социјалната мрежа Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети се сретна со в.д. амбасадорката на…
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али…
Ребалансот на Буџетот утре на владина седница
Ребалансот на Буџетот ќе се разгледува утре…
(Видео) Полицаец убиен во престрелка пред супермаркет…
Канадски полицаец е убиен откако напаѓач отворил…
Скопјанец избоден со остар предмет
Во скопски Бит Пазар, ноќеска околу полноќ,…
САД ја одобрија продажбата на иранска нафта…
Соединетите Американски Држави во понеделник ја одобрија…