Објавено на:

Балканските пристаништа се важен актер во меѓународниот шверц на дрога, а погодни се и за друг вид на криминал

t

Солунското пристаниште е едно од десетината слични локации на Балканот каде преку Јадранското, Егејското и Црното море, меѓународните шверцери во регионот „внесуваат“ дрога, цигари и разно разни нелегални добра.

Ова се информациите кои денеска ги публикуваше организацијата Глобалната Иницијатива против Транснационален Организиран Криминал (ГИ-ТОК), лоцирана во Виена. Во нивниот документ насловен како „Порозни пристаништа: Истражување на поморските балкански патишта“, се наведува дека „балканскиот пат“ за трговија на кокаин, хероин и цигари преку копно се надополнува со поморски патишта кои стигнуваат до пристаништата на морињата во регионот.

„Се чини дека има промена во моделите и шемите на шверц“, изјави коавторот Волтер Кемп.

Тој појаснува дека овие состојби веројатно се создадени поради мерките наменети за ограничување на миграциски текови во регионот но и Ковид ефектот како и војната во Украина.

“Големите заплени на кокаин обичично затскриени во кутии со бананиво пристаништата како Драч (Албанија), Плоче и Ријека (Хрватска) но и Солун (Грција) предизвика сомнеж дека пристаништата во Југо-Источна Европа стануваат се поатрактивни за трговците со луѓе. Овие констатации одат во прилог на големите заплени на хероин во пристаништата Констанца (Романија), Копер (Словенија) и Варна (Бугарија), како и долгогодишниот проблем со шверцот на цигари, кој се одвива особено преку пристаништата Бар (ЦрнаГора) и Пиреа (Грција) – вели коавторот на истражувањето Волтер Кемп.

Базираните заклучоци се врз студија на случај за овие девет комерцијални пристаништа во регионот, а извештајот ги следи главните рути на трговија со луѓе и ги објаснува употребените техники за прикривање. Извештајот, го разгледува и еко-системот на пристаништата и нивните ранливости и ги опишува криминалните актери кои дејствуваат во и околу пристаништата.

„Во некои пристаништа, се чини дека постојат ќелии на криминални групи кои работат како дел од пошироки транснационални мрежи“, вели главниот автор Руџеро Скатуро.

Тој додава дека е важно да се подобри безбедноста на регионалните пристаништа, како и да се зголеми соработката меѓу институциите за спроведување на законот вдолж поморските балкански рути.

„Неколку пристаништа се магнети за криминал, кои не само што ги привлекуваат локалните криминални групи туку и ги привлекуваат и оние од земјите без море на кои им е потребен излез до морето. Зголемените инвестиции во инфраструктурата ќе ги направат балканските пристаништа по привлечни за бизнисот – законски и незаконски – вели тој.

Во извештајот се забележува дека безбедноста на пристаништата во Југо-Источна Европа е подобрена во изминатата деценија поради поголемите инвестиции во технологијата, усогласувањето со меѓународните безбедносни стандарди, како и поддршката и обуката од организации како Канцеларијата на ОН за борба со дрога и криминали и ЕВРОПОЛ.

Но, како и во другите пристаништа низ светот, техничките подобрувања понекогаш се поништуваат поради корупција.

Извештајот, истовремено, ја нагласува и ранливоста на реката Дунав во нелегална трговија.

„Се чини дека Дунав е „слепа точка“ и таа заслужува поголемо внимание, особено поради потенцијалот за шверц на гориво, Заканата од нелегалните пазари околу Црното Море треба да поттикне поблиска регионална соработка со главна цела таа е за спроведување на законот“ –  вели Кемп.

Авторите, дополнително, препорачуваат поголема соработка помеѓу пристаништа, полициите, бродските компании и царинските агенции долж познатите рути на нелегална трговија, на пример помеѓу Латинска Америка, Западна Европа и Западен Балкан.

„Треба да преминеме од само гледање на безбедноста на пристаништата кон следење и нарушување на транснационалните текови“, заклучува Скатуро.

Превод: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдена дрога во Куманово: Приведен дилер

На 27.09.2022 во 22.00 часот, полициски службеници…

(Видео) Пендаровски: Да внимаваме на “малигните актери”…

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски преку…

Македонец уапсен во Хрватска за шверц на…

Хрватската полиција разоткри шестчлено злосторничко здружение чии…

(Видео) Голема акција на МВР во Гевгелија:…

На 23.09.2022 полициски службеници од Одделот за…

Командир на полициска станица доби четири и…

По поднесен обвинителен акт од страна на…