Објавено на:

Бајден: Американските сили ќе го бранат Тајван во случај на кинеска инвазија

t

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американските сили ќе го бранат Тајван во случај на кинеска инвазија, што е негова најексплицитна изјава досега за ова прашање. Запрашан во интервјуто на CBS „60 минути“ дали американските сили ќе го бранат демократски управуваниот остров за кој претендира Кина, тој одговори: „Да, ако всушност има напад без преседан“. Запрашан да разјасни дали сака да каже дека за разлика од Украина, американските сили ќе го бранат Тајван во случај на кинеска инвазија, Бајден одговори: „Да“. Соединетите Американски Држави долго време се држат до политиката на „стратешка двосмисленост“, не појаснувајќи дали ќе одговорат воено на напад врз Тајван. Запрашан за коментар, портпаролот на Белата куќа рече дека политиката на САД кон Тајван не е променета.

„Претседателот го кажа ова и порано, вклучително и во Токио претходно оваа година. Тој, исто така, тогаш јасно стави до знаење дека нашата политика на Тајван не е променета“, рече портпаролот. Тајванското Министерство за надворешни работи изрази благодарност до Бајден за неговото потврдување на „цврстата безбедносна посветеност на американската влада кон Тајван“. Тајван ќе продолжи да ги зајакнува своите способности за самоодбрана и да го продлабочува блиското безбедносно партнерство меѓу Тајван и Соединетите држави, се вели во соопштението. Интервјуто на Си-Би-Ес со Бајден беше снимено во минатата недела. Бајден е во Британија на погребот на кралицата Елизабета.

Забелешките на Бајден веројатно ќе го налутат Пекинг, кој беше нервозен од посетата на Тајван од страна на спикерот на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси во август. За време на посетата Кина ги спроведе своите досега најголеми воени вежби околу Тајван. Кинескиот претседател Си Џинпинг вети дека ќе го стави Тајван под контрола на Пекинг и не ја исклучи можноста за употреба на сила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…

ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…

Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…

Двајца осудени за 27 април побарале помилување

Дел од обвинетите за организирањето на упадот…

Касами со албанско знаме го пречека таткото…

Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…

Спасовски за говорот на претседателката Сиљановска-Давкова: „Не…

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за…