Бајден: Војната во Газа мора да престане

Војната во Газа мора да престане, изјави денеска американскиот претседател Џозеф Бајден.
„Потребен ни е прекин на огнот“, изјави Бајден пред новинарите по предвременото гласање на претседателските избори во САД во Вилмингтон, во американската сојузна држава Делавер.
„Мора да престане, мора да престане, мора да престане“, нагласи американскиот претседател.
Тој додаде дека ќе ги разгледа тековните напори за прекин на огнот по предлогот на Египет за дводневно примирје на палестинските територии, што беше претставено како прв чекор кон целосен прекин на огнот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ја прекина струјата во Газа
Израел објави дека ја прекинува струјата во…
Болни и повредени деца од Газа пренесени…
Десет болни и повредени деца од Појасот…
Обновата на Газа ќе чини повеќе од…
Обновата на опустошениот Појас Газа по повеќе…
Трамп не се откажува од идејата САД…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
„Гардијан“: Израелската армија подготвува план за доброволно…
Гардијан објави дека израелската армија подготвува план…