Објавено на:

Бајден нареди испраќање на уште неколку илјади американски војници во Источна Европа

t

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, одобри испраќање на неколку илјади американски војници во Европа, а трансферот на војници се очекува да започне во наредните денови, јавува телевизијата Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани американски претставници.
Според телевизиски извори, 2.000 американски војници ќе бидат распоредени во Полска, а уште неколку илјади на југоисточното крило на НАТО, вклучително и Романија. Се очекува наскоро Пентагон официјално да објави дека префрла дополнителни сили во Европа.

Од друга страна, „Волстрит џурнал“ наведува дека САД ќе префрлат околу 1.000 војници од Германија во Романија со цел да го зајакнат источното крило на НАТО.
Повикувајќи се на неименувани американски претставници, весникот пишува дека „ Пентагон нареди уште неколку илјади војници да бидат во подготвеност (во Европа) покрај 8.500 војници кои добија таква наредба минатата недела “.
Претходно портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека САД се подготвени да испратат 8.500 војници во Европа , но дека конечната одлука се уште не е донесена. Кирби прецизираше дека САД не планираат да распоредат свои војници во Европа надвор од териториите на земјите кои се сојузници во НАТО.

Да потсетиме, Бајден на 29 јануари предупреди дека во блиска иднина ќе испрати дополнителни сили на територијата на земјите на НАТО во Источна Европа.
Американските медиуми неодамна изразија загриженост поради наводното зголемување на руските „агресивни дејствија“ на границата со Украина. Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги преместува војниците на своја територија и по своја дискреција. Според него, тоа никогаш не загрозува и не треба да загрижува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев бара поддршка од Трамп: Тој треба…

Првиот човек на кабинетот на украинскиот претседател…

Помошта за Украина ќе причека: Американскиот Конгрес…

Гласањето во американскиот Конгрес за помош за…

Портпаролот на ЕУ: Војната во Украина ќе…

Европската унија има јасен и дефиниран став…

(Видео) Трамп: Лично ќе го предупредев Путин…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека…

Пукна брана на реката Урал, илјадници руски…

Околу 4.000 домаќинства со најмалку 10,000 жители…