Објавено на:

Бајден распали: Вo случај на ескалација, ќе се воведат санкции лично за Путин

t

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека во случај на руска инвазија на Украина, можно е да се воведат санкции лично за рускиот претседател Владимир Путин.
На новинарско прашање дали е можно такво нешто, тој кратко одговори: „Да“.
Тој, исто така, им рече на новинарите дека САД немаат намера да распоредат сили на територијата на Украина .
„Немаме намера да распоредиме наши сили или сили на НАТО во Украина“, рече американскиот претседател.

Сепак, тој рече дека наскоро би можел да донесе одлука за трансфер на американски војници кои се во состојба на готовност на европско тло поради тензичната ситуација во Украина.
Да потсетиме, вчера околу 8.500 војници добија наредба да бидат подготвени да бидат префрлени во американските бази како поддршка на источното крило на НАТО.
„Можно е наскоро да испратам дел од тие сили“, рече тој, додавајќи дека одлуката за тоа зависи од „што прави или не прави Путин“.
Односите меѓу Западот и Украина паднаа на најниско ниво од Студената војна поради ситуацијата околу Украина. Западот ја обвинува Русија дека подготвува инвазија на Украина, додека Москва тоа го негира и бара гаранции дека НАТО нема да се прошири понатаму на исток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…